2. ТРЕНИНГ НАСТАН

2-ри ТРЕНИНГ НАСТАН НА „ДИЗАЈН НА ОБЛЕКАТА, ИЗРАБОТУВАЊЕ НА шаблони И ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО“

Се одржа во Северна Македонија, Струмица, 3 – 4 мај 2023 година

Втората обука организирана од Здружението за трговија со текстил – кластер за текстил во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“ беше на тема „Дизајн на облека, изработка на шаблони и подготовка и планирање на производството“. 

 Настанот се случи на 3 и 4 мај 2023 година, во Струмица, Северна Македонија. Обуката беше наменета за млади модни дизајнери и студенти. 

 Целта на оваа дводневна обука беше младите кадри во текстилниот сектор да се доближат до концептите на подготовка на шаблони, моделирање во софтвер за 3D дизајн, како и запознавање со техничките аспекти на подготовка на производството (пресметка на време на производство, производствен капацитет). 

По завршувањето на обуката, младиот кадар ќе може да ги препознае фазите во креирањето на концептуална скица и шаблон на облеката и да ги пресмета параметрите потребни за техничката подготовка на изработката.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MK
Прескокнете до содржината