Interreg IPA CBC програма „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“
Interreg IPA CBC Програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Стратешката изјава на Програмата е „да се зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување со почитување на животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ“.Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година изнесува 45.470.066,00 €.